Доделување на сертификати за превод и толкување во администрацијата

Денеска во Домот на Армијата ќе бидат доделени првите сертификати за превод и толкување во администрацијата што како проект се реализираше две години.

Проектот е спроведен од Британскиот совет во Македонија во соработка со Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Проектот е финансиски поддржан од Британската амбасада.

На настанот ќе бидат доделени 53 сертификати на преведувачи и толкувачи од различни институции.

Најавено е присуство на вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор Муса Џафери, британскиот амбасадор Кристофер Ивон и деканот на Филолошкиот факултет, Славица Велева. 

најчитано сега