Џафери на средба со директорот на Центарот за обука на пилоти

 

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска ќе оствари средба со директорот на Центарот за обука на пилоти Јаари Шрага.

По средбата двајцата соговорници ќе информираат за новиот конкурс за селекција на кандидати за родот авијација, а на настанот ќе присуствуваат и кадетите избрани во вториот селекциски циклус, како и еден од четворицата кадети од првиот циклус за избор на слушатели.

Обуката во Центарот за пилоти ја извршуваат домашни и странски инструктори со помош на современи помагала и оригинални материјали од Авијациската школа на Оксфорд, како и со наставни содржини од искусни пилоти од изралеското Воено воздихопловство. 

најчитано сега