Топлотен бран во Македонија - денеска влегуваме во жолта алертна фаза

Целата територија на Македонија денеска ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата алертна фаза, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.

Од Министерството потсетуваат да се почитуваат општите препораки за населението, во однос на заштита од директна сончева изложеност, како што се: избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Комисијата за климатски промени при Министерството, континуирано ја следи состојбата со топлото време за што, како што посочуваат, јавноста навремено ќе биде информирана.

Според најавата од синоптичарите, времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност која највеќе ќе биде застапена во крајните источни и западни делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 26 до 32 степени.

најчитано сега