Шефот на албанската дипломатија денеска во Македонија

На покана од министерot за надворешни работи на Македонија Никола Попоски, денеска во официјална посета на Република Македонија престојува шефот на албанската дипломатија Алдо Бумчи.

Според најавите, Попоски и Бумчи ќе разменат мислења за билатералните односи и можностите за натамошен развој, како и за заедничката соработка во контекст на ЕУ, НАТО и соработката на регионален план.

За време на посетата, министерот Бумчи ќе оствари средби и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељановски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

најчитано сега