Петровска: Ќе го вратиме сјајот на Битола

Соработка со почесните конзуларни претставништва и збратимувања со други градови посебно на економски и културен план, најави денеска кандидатката за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата Наташа Петровска.

Во нејзиниот мандат, како што рече, ќе ги вложи сите напори да го врати сјајот на Битола.

- Очекувам соработка со централната власт, односно со Министерството за надворешни работи со цел да ја зајакнам соработката со почесните конзуларни претставништва во Битола. Ќе се зголеми бројот на конзулати и бројот на збратимени градови на Битола со други градови од светот. Кога мислам на соработката, најмногу ми значи соработката која освен на културен план, посебно ќе се прошири на економски план, истакна Петровска.

Според неа, демографската слика во Општина Битола години наназад покажува пад, стареење на населнието и заминување на младите.

- Ќе отвориме перспектива за младите, за мали и средни бизниси. Мора да ја отвориме нашата економија кон светот и светот да дојде кај нас во Битола, истакна Петровска.

 

 

 

06.10.2017 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега