Илиоски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација

Денеска би сакал да потсетам на два многу важни проекти за Битола за кои нашите политички опоненти шират невистини дека сме се откажале и целосно ги игнорираат, како да не постојат. Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација – живи пари кои се реални, обезбедени и веќе се реализират.

Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, додавајќи дека гасоводот Неготино-Кавадарци веќе е на пат кон Битола и оти во 2019 година треба да почне изградбата на дистрибутивната гасоводна градска мрежа. Тој нагласи дека првите корисници на топлинска енергија од РЕК ќе се приклучат на централно парно греење следната зима.

 

-Проектите се регулирани со посебен закон, а дел од парите се обезбедени преку заеми од сериозни странски банки и изградбата е во тек и е во напредна фаза. Единствено што може да ги спречи или одложи се некакви измислици и манипулации од типот на згрешена траса какви што веќе видовме. Краткорочна гасификацијата на Битола по примерот на Струмица , не може и не смее да биде замена за овие гигантски, капитални и долгорочно издржани проекти. Битолчани не смеат да наседнат на импровизирана гасификација по струмичкиот модел на Заев, со дотур на гас со цистерни која е скапа, крајно небезбедна, со можност за богатење на некој тендераш близок на Заев кој би го набавувал гасот, по висока цена на грбот на Битолчани, истакна Илиоски.

 

 

 

06.10.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега