Чадиев: Ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии за социјално загрозените семејства и отпишување на утужен долг

Кандидатот за градоначаланик на општината Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев денеска ја промовираше мерката од својата програма која се однесува на семејствата кои се во социјален ризик и семејства на лица со хендикеп.

-Мерка со која сакаме да помогнеме и да излеземе во пресрет на потребите на голем број наши сограѓани. Во наредниот период локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе мерка за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии како и отпишување на утужен долг за лица од социјално загрозени семејства и семејства на лица со хендикеп, истакна Чадиев.

 

Појасни дека со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 1000 велешки домаќинства кои се евидентирани како корисници во Центарот за социјална работа во Велес.

-Преку реализација на оваа мерка очекуваме да се подобри социјалниот статус на ранливите категории на граѓани кои од најразлични причини и не по своја вина акумулирале долгови кои многу тешко можат да ги подмират. Со отпишувањето на долгот спрема ЈКП Дервен тие ќе добијат нова шанса да започнат од почеток. Сметаме дека тоа е најефикасниот начин, без долгови, во иднина да започнат да напредуваат, а не да стојат во место, потенцира Чадиев.

Според него, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа голема грижа и одговорност за сите категории на граѓани кои имаат потреба од поддршка со цел олеснување на нивниот живот и подигнување на стандардот.

-Само во 2016 година, Општина Велес позитивно одговори на 96 барања од граѓани на кои им била потребна помош. Помошта се движи помеѓу 3 000 и 65 000 денари во зависност од нивните барања. Дополнително се поделија и 40 хуманитарни пакети. Тоа е најголема реализирана помош за социјално загорзените граѓани досега. За да го реализираме овој проект потребна ни е вашата поддршка, нагласи Чадиев.

Кандидатот ги повика граѓаните на велес да го одберат редниот број 13 за локалната самоупава да може да ја спроведе оваа мерка, но и за реализација на 148 други проекти од неговатапрограма.

 

 

 

 

06.10.2017 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа