Ристески: Прилеп за година ипол ќе биде опфатен со гасификација

Прилеп за година ипол ќе биде опфатен со гасификација каде компаниите и домаќинствата ќе може да го користат овој природен енергенс, изјави денес кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески.

-Изградена е делницата на гасоводот до Штип-Неготино, а во наредниот период треба да продолжи делницата Неготино-Битола преку Кавадарци и Прилеп во должина од 92 километри во вредност од 37 милиони евра. Проектот започна со претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и треба да биде завршен до крајот на 2018 година, вели Ристески.

 

Тој посочува дека истражувањето на пазарот било направено преку граѓаните, економскиот совет на Општината, стопанските комори и регионалната занаетчиска комора, при што бил увиден интересот за гасофикација.

-Ова ќе биде значаен капитален проект за Прилеп, за домаќинствата и посебно за развојот на економијата, бидејќи преку обезбедувањето на поевтини енергенси и заштита на животната средина ќе се овозможи поголема конкурентност на прилепските компании и поквалитет живот, вели Ристески

 

 

 

06.10.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега