Мисајловски: Ѓорче Петров ќе добие нов сјај, насекаде да има комплетно ново реконструирано осветлување

Во мојата програма предвидуваме целосна реконструкција на осветлувањето во општината Ѓорче Петров, но не само на постоечкото, туку и поставување на ново осветлување по сите улички и сите сокаци, ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Приоритет во новата програма ќе ни биде да ги осветлиме сите паркови и јавни површини како и сите оние места околу зградите како и паркинзите. Сакаме Ѓорче Петров да добие еден нов сјај и едно ново комплетно реконструирано осветлување насекаде во општината, истакна Мисајловски.

 

 

 

 

06.10.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега