Трајковски: Ќе продолжиме како и минатиот мандат, многу населени места во Дебрца ќе добијат фекална канализација

Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца, Игор Трајковски, кажа дека на половина изборна кампања и повеќе од јасно е дека за Општина Дебрца единствен е изборот, а тоа е продолжување и континуитет на спровeдување на проекти кои се од витално значење за секој еден жител во Дебрца.

-Бенефити од реализираното согледале многумина, од најразлични профили на луѓе, ученици, спортисти, културни работници, земјоделци. Затоа наша цел е во секоја област да се создадат вистински услови со што ќе има подобар квалитет во секој сегмент од нашето општество, изјави Трајковски.

 

Тој укажа на реализираните проекти во областа на изградбата на канализационите системи, досега изградени се канализациони системи во вкупна должина од 26 км преку реализацијата на следниве проекти: Изградена фекална канализациона мрежа село Мешеишта, изградена фекална канализациона мрежа во село Горенци, изграден колекторски систем од село Мешеишта до главен колектор на Охридско езеро кој ги опфаќа селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци, извршена доизградба на канализациона мрежа во село Мешеишта со поврзување кон колекторскиот систем, изградена атмосферска канализација во село Ботун

-Известуваме дека ќе продолжиме со реализација на следниве проекти:Изградба на фекална канализациона мрежа во село Лешани, изградба на фекална канализациона мрежа во село Велмеј, изградба на фекална канализациона мрежа во село Ботун, изградба на фекална канализациона мрежа во село Ново Село, изградба на фекална канализациона мрежа во село Требеништа, изградба на фекална канализациона мрежа во село Волино, доизградба на фекална канализациона мрежа во село Мешеишта, изјави Трајковски.

Тој порача четири години континуитет нека бидат само зачеток кон уште многу други потфати.

-Заедно и секогаш со работа да ја градиме Дебрца препознатлива од секоја перспектива. Затоа со заокружување на бројот 13 Вие гласате за развиток на општината, со заокружување на бројот 13 гласате за подобри услови за секого, тоа е веќе покажано и докажано во изминативе 4 години, а ќе се продолжи и во наредниот мандат предводен од ВМРО ДПМНЕ, напомена Трајковски.

 

 

 

06.10.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега