Поповски: Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината, нивните потреби дел од нашата програма

Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината. Младите значително учествуваат во развојот на Република Македонија како позитивна движечка сила и промотор на новите вредности на општетството и државата, истакна на денешната прес-конференција Зоран Поповски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар.

-Нивните потреби се менуваат секојдневно и затоа во нашата програма посветивме внимание токму на нив. Предвидовме континуирана едукација на младите од основно училиште преку одржување на обуки од областа на ИТ, спортот, странските јазици и заштита на животната средина и претставување на штетните последици од дрогата и препознавање на симптомите кај нивните родители, посочи носителот на советничката листа.

Поповски истакна дека ќе организираат летни и зимки едукативни училишта, за престој на ученици со воннаставни активности од забавен и едукативен карактер за време на летниот и зимскиот распуст, како покрај згрижување учениците ќе имаат можност да посетуваат работилници согласно нивните потреби.

-Ќе ги поддржиме спортските клубови во Општина Центар со цел младите да се интересираат повеќе за спортот. Со цел да го развиени маалскиот спортски живот ќе изградиме нови игралишта за да ги вратиме спортските навики кај младите. Најважен ни е токму тоа маалски спорт, кој полека исчезнува. Веруваме дека на тој начин младите луѓе ќе стекнат карактер, дружба и нови пријателства. Ќе организираме спортски натпревари, турнири и училишни лиги во фудбал, кошарка, ракомет, шах, тенис и други спортови, но и ќе дадеме поддршка и унапредување и на училишните спортски клубови. Предвидовме и отворен ден за младите каде ќе можат да ги искажат своите идеи, вели Поповски.

 

 

 

05.10.2017 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега