Спиеле со кромид во чорапите - резултатот ги изненадил

Стапалата и рацете се огледало на здравјето. На нив прво се забележуваат промените кои укажуваат на некакви здравствени проблеми.

Веќе е добро познато благотворното делување на кромидот врз нашето здравје, а на овој начин состојките кои ги содржи кромидот може да ги примените без конзумација. Она што изненадува е тоа што кромидот спречува и непријатни миризби на нозете, а истовремено ја прочистува крвта. Со кромид на стапалата може да ублажите настинка, грип и треска.

Не може ништо да изгубите доколку ја испробате оваа метода, препорачува Џенифер Томпсон која одлучила да го испроба ова и буквално преку ноќ се ослободила од 90 проценти симптоми на алергија.

Таа тврди дека една ноќ со кромид на стапалата се ослободила од кашлањето и кивањето, од кои како што таа вели едвај доаѓа до воздух.

Кромидот содржи силни антиоксиданси кои делуваат на холестеролот, спречуваат крвни згрутчувања и симптоми на асма, хроничен бронхитис, помагаат во борбата против дијабетис, атеросклероза и инфекции, а сѐ почесто може да се слушне дека делува и антиканцерогено.

 

 

 

02.10.2017 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега