Пресврт во убиството на Јелена: Не ја убил Зоран, приведуваат друга личност

Нов пресврт во истрагата за убиството на ѕвездата на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. За пејачката чие убиство беше мистерија година ипол, конечно почна да се одмотува клопчето, а во затвор е нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ.

Според последните информации на српските медиуми, изгледа за делото ќе има ново апсење, бидејќи пејачката ја убила девојката на зоран, 31-годишната Зорка со која бил во врска додека му траел бракот.

Зоран неколку пати и пред и по убиството одел кај Зорка, дури и на денот на погребот на 7. април лани.

Полицијата ја испитува и нејзината вмешаност во случајот.

За потсетување, Јелена беше убиена на 2. април на насипот кај Борча, во Црвенка кога отиде да џогира. Таа била брутално убиена, мачена, на ноктите и беше најдена варикина, беше неколку пати удрена со тап предмет во главата, и целосно беше крвава.

Таа зад себе ја остави петгодишната ќерка Јана.

 

 

 

28.09.2017 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега