Македонски компании на два големи бизнис настани во Турција

 

Со поддршка на Министерството за економија на Република Турција, македонски компании ќе имаат можност да учествуваат на два големи, меѓународни бизнис настани во Турција што ќе се одржат на почетокот од ноември годинава. Станува збор за Match4Industry Business Matching Event во Коџаели, од 2 - 3 ноември, и за т.н. Недела на извоз „Export Week 2017“ во Истанбул, од 31 октомври до 2 ноември.

Двата настана овозможуваат билатерални средби и остварување директни контакти со потенцијални партнери.

На Match4Industry Business Matching Event се очекуваат околу 350 излагачи и 40.000 посетители. Во организацијата на настанот, освен Трговско-индустриската комора на Коџаели и Европска претприемачка мрежа, се вклучени и многу други бизнис асоцијации од Европа, Турција и пошироко меѓу кои и Стопанската комора Македонија - Турција (МАТТО).

Предвидена е посета на водечки автомобилски компании, со што, на учесниците ќе им се овозможи на лице место и од првата рака да се запознаат со деловната клима во индустриските зони на Коџаели.

Излагачи ќе бидат компании од автомобилската индустрија, металниот сектор, хемиска индустрија, градежништво, енергетика, електроника, информатичко-комуникациска технологија, женско претприемаштво,... „Export Week 2017 ќе биде на тема „Извозниците без граници ги надминуваат технолошките, трговските и културнит бариери преку извозот”. 

 

 

 

28.09.2017 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега