Петчлено семејство живее од производство на магарешко млеко

Брачен пар од Вланица, 35- годишната Мелиха и 42- годишниот Ален, не ни сонувале дека некогаш ќе се занимаваат со производство на магарешко млеко и дека од тоа ќе направат бизнис.

Со тек на време тие оформиле фарма која се состои од 17 магариња, од кои само две машки кои служат за размножување. 

Мелиха е по занимање хемиски лаборант, што кога станува збор за производство и пакување на млекото таа е експерт, а Ален е професионален возач и го разнесува магарешкото млеко.

-Во првите две години, нашиот син Тарик имаше проблем со хронична кашлица и никако болничко третирање не помагаше. Набавивме магарешко млеко и за 15 дена се излечи. Набавивме само едно магаре за да може да им помогнеме на другите , но подоцна таа идеја прерасна во бизнис, од кој добро се живее- вели Мелиха.

-Треба секое утро да се станува рано, да се помолзат , нахранат и исчистои. Хигиената е најважна, како и редовни ветеринарски прегледи- вели таа.

Покрај Мелиха и Ален, ангажирано е целото семејство бидејќи се свесни дека од тоа се издржува целото семејство, но и голема е нивната љубов спрема животните.

 

 

 

 

 

 

18.09.2017 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега