Центарот за социјална работа одлучи - еве кому ќе му припадне старателството над ќерката на Јелена

Центарот за социјална работа во Србија одлучи кому ќе му припадне старатлството над Јана, шестгодишната ќерка на убиената пејачка Јелена Марјановиќ и уапсениот Зоран Марјановиќ.

Девојчето засега ќе остане со чичкото Милош, дедото Владимир и бабата Зорица.

Зоран Марјановиќ пред да влезе во реалното шоу „Задруга“ малечкото девојче го оставил на чување  кај својот брат Милош.

Социјалните работници велат дека засега најдобро за девојчето е да остане во домот заедно со чичкото, бабата и дедото.

Психотерапевтото Зоран Миливојевиќ наведе дека самата загуба на мајка си било огромен стрес за Јана, а апсењето на татко ѝ е додатен стрес за малото девојче.

-Таа особено сега треба да биде опкружена со блиските од семејството. Тоа е исклучително важно за да не се чувствува напуштено и предадено од своите најблиски. Тоа никако не е добро за дете и затоа Социјалните работници сфатиле дека е најдобро Јана да остане во кругот на семејството - вели Миливојевиќ, кој рекол дека детето ќе биде одземено од семејството само доколку тоа самото не сака да остане таму.

 

 

 

18.09.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега