Бура во Србија - ветерот корнел дрва и кровови, има и повредени

Силно невреме ја зафати Србија вчера попладне, а во Белград, Нови Сад и Зрењанин ветерот направил прилично големи материјални штети, па неколку лица се и лесно повредени, а меѓу нив и 5-годишно дете.

Детето е повредено за време на бурата, така што му паднала гранка врз глава и веднаш било пренесено на Ургентниот центар.

Портпаролот на Итната помош, Нада Мацура изјавила дека има и лесно повреден маж, откако исто така гранка му паднала врз глаба.

Во Белград едно лице е повредено откако вратата му паднала на грб.

Лекарските екипи интервенирале низ градот.

Силниот ветер превртувал контејнери, корнел дрвја, а носел и кровови од згради, пишуваат српските медиуми.

 

 

 

18.09.2017 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега