Здравствени придобивки од чајот од магдонос - лек за многу болести

 

Чајот од магдонос низ историјата се користел и по препорака на билкарите за олеснување и одржување на редовен менструален циклус, и како лек за враќање на матката во првобитната положба после породувањето. Магдоносот се употребува во лекувањето на сите проблеми поврзани со бубрезите. Чајот од магдонос ја спречува апсорпцијата на сол во ткивото, а со тоа ги штити бубрезите и црниот дроб и практично прави нивно чистење.

  • Овој чај треба да се пие во случај на инфекција на мочниот меур, како и кај појава на камен на бубрезите.
  • Чајот од магдонос наоѓа примена и во превенција и третман на рак на дебелото црево кај мажите и жените, како и кај грлото на матката кај жените.
  • Магдоносот е богат со фолна киселина која е од суштинско значење за кардиоваскуларното здравје.

Самиот магдонос е многу богат со витамините А, Ц, Е и минерали, а неговото редовно користење, придонесува за намалување на лошиот ЛДЛ холестерол. Доколку страдате од висок притисок исто така можете да го употребувате за негово намалување.

  • Чајот од магдонос може да се употребува и за смирување на цревата, подобрување на варењето и отстранување на гасови.
  • Магдоносот е богат и со железо, па неговата употреба се препорачува и во случај на анемија.

Една од многу едноставните намени е превенцијата од лош здив. Доволно е да се соџвакаат неколку листа магдонос и непријатниот здив ќе биде неутрализиран. Ова особено се однесува на моментите кога консумирате кромид и лук, а сакате да го неутрализирате мирисот.

Магданосот успева секаде, па лесно може да се одгледува, дури и во саксија во вашиот дом, така што секогаш можете да го имате свеж при рака. Дури и во зимо можете да купите семе и да го засадите во подлабока саксија и растението ќе израсне за неколку недели на светло место.

Чајот од магдонос се прави на следниот начин: 

Две големи лажици свеж или сув магдонос се ставаат во зовриена вода. Магдоносот треба да стои 5-10 минути, а потоа да се отстрани. Откако ќе се излади чајот во него се додаваат неколку капки лимон и лажица мед по желба.

Чајот можете да го пиете кога и да посакате, а за наведените симптоми треба да се пие два пати на ден. Чајот направен од магдонос ќе предизвика зголемено мокрење, па затоа не се препорачува пред самото спиење за да не ви го наруши истото.

Бремените жени не треба да пијат чај од магдонос, поради можни штетни хормонални влијанија. Магдоносот може да се употребува и за смирување на нервите и намалување на нервозата. Потребно е да замете корен и листови од ова растение , да ги исецкате многу ситно и да ги измешате со багремов мед. Смесата треба да стои 7 дена, а потоа се зема по една лажица навечер пред спиење.

 

 

 

12.09.2017 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега