„Здравјето не ме служи, но одиме понатаму“ - ова се последните зборови кои актерот ги изјавил за јавноста

Српската кинематографија изгуби еден од најдобрите актери, Љубиша Самарџиќ, кој почина на 81-годишна возраст, по долга борба со болеста.

Изминатава година многу ретко се појавуваше во јавноста, а последен пат е виден на отворањето на Мартовскиот фестивал во Дом на млади.

-„Немам зборови. Возбуден сум. Овој мој документарен филм излезе во време кога здравјето не ме служи, но во секој случај одиме понатаму. Горд сум што сте организирале волку добра манифестација, која ќе живее подогло од мене, логично.“ - биле последните зборови на Самарџиќ.

Времето кога легендарниот актер ќе биде закопан уште не е познато.

 

 

 

09.09.2017 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега