Голем пожар крај Омиш, ангажирани се и војници

Припадници на хрватската армија се испратени како помош на пожарникари во гаснење пожар во близина на Омиш. Ангажирани се и четири канадери и еден хеликоптер, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

На терен се наоѓаат 143 пожарникари со 44 возила од сплитското, шибенското, задарското и дубровничкото подрачје, јавуваат хрватски медиуми.

– Ситуацијата не е добра. Се бранат куќи да не бидат зафатени од огромниот пожар, изјави за хрватски медиуми Вишеслав Пешиќ командант на пожарникарите од Омиш.

 

 

 

08.09.2017 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега