Актерката се огласи по операцијата: „Уште не верувам дека сум жива, ми се случи голема трагедија„

-„Ми беше пукано во глава, оперирана сум и ќе бидам добро. Не можам да разговарам, хоспитализирана сум, но не ми се загрозени виталните функции.“ - рекла актерката Ивана Панзаловиќ, неколку часа по тешкиот напад од вереникот, по кој, за среќа, преживеала.

Како што изјавила и понатаму е во шок после стравичниото сценарио, по кое останала жива.

-„Се случи голема и неочекувана трагедија. Имам поддршка и љубов од семејството, докторите, пријателите, и не стигнувам секому да се јавам. Ви благодарам на грижата.“ - кратко изјавила и понатаму вознемирената актерка.

Истакнала дека доколку претчувствувала дека вакво нешто ќе се случи, не би се довела во ваква ситуација.

-„Нека му е лесна земја на Срѓан, а му благодарам на Господ што јас сум жива.“ - навела актерката.

 

 

 

08.09.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега