Јадете сардини сѐ почесто и ќе живеето долго и без болести

Сардините ги препознаваме како мали риби спакувани во метални конзерви.

Честопати кога сме во брзање, знаеме да земеме една конзерва сардини, затоа што не е потребна посебна припрема, а притоа само го  двојуваме капакот од конзервата и уживаме во готовото јадење.

Но, што знаеме за сардините? Дали се корисни или штетни за здравјето? Во продолжение прочитаjте за здравствените придобивки кои сардините ги ставаат на располагање на консументот.

1. Сардините се богати со омега-3 масни киселини кои се значајни за правилно функционирање на мозокот и ја подобруваат меморијата. Покрај тоа Омега-3 масните киселини кои ги содржат сардините помагаат при намалување на воспаленијата, а особено се корисни за луѓе кои страдаат од артритис.

2. Сардините исто така се богати со калциум и витамин Д, кои земаат учество во зацврстувањето на коските.

3. Овие риби содржат коензим Q10 (CoQ10), кој претставува моќен антиоксиданс. Коензимот Q10 ја подобрува физичката енергија и го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем. Коензимот Q10 е корисен кај луѓе со хипертензија (висок крвен притисок) и срцеви аномалии.

4. Значаен е фактот што сардините во висока доза содржат триптофан – есенцијална аминокиселина, која е неопходна за правилна работа на организмот.

5. Високата содржина на протеини од сардините го намалуваат чувството за глад, а малата количина на јагленихидрати помага да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта.

Од ова можеме да заклучиме дека сардините не само што претставуваат храна која најчесто ја користиме кога сме во брзање, туку претставува доста корисна храна за здравјето.

 

 

 

01.09.2017 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега