АВРМ: Надоместокот за невработеност за јули ќе се исплати до 30 август

Исплатата на паричниот надоместок по основ на невработеност за месец јули 2017 година ќе се изврши најдоцна до 30 август 2017 година, соопшти Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

- Во претходниот месец исплатата се реализираше од 20 - 25 јули 2017, но поради именување нов директор, во изминатиов период АВРМ ги презеде сите неопходно потребни законски мерки за промена на главен потписник на трезорската сметка на Агенцијата, која законски повлече и промена на постоечките потписници на сметки во сите 30-те центри за вработување на територија на Република Македонија, стои во соопштението од Агенцијата за вработување на РМ.

Според АВРМ, менувањето на 31 потписник се спроведува во неколку институции: Централен регистар на РМ, нотар и трезорот при Министерство за финансии. 

 

 

 

24.08.2017 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега