Откриени остатоци од најголемото суштество што некогаш живеело на Земјата

Група научници неодамна открија фосил што му припаѓал на диносаурус, кој најверојатно бил најголемо суштество кое некогаш живеело на Земјата. 

Покрај, диносаурусот наречен Патаготитан, Tи-рексот изгледал како мачка, бидејќи ова суштество било тешко 76 тони, колку еден спејс шатл.

Овие остатоци се пронајдени во јужниот дел на Аргентина, а утврдено е дека им припаѓаат на групата големи диносауруси познати како титаносауруси.

Истражувачите му го дале името на диносаурусот по областа Патагонија, каде се пронајдени фодилите, и грчкиот збор „titan“ кој значи „големо“.

До сега се пронајдени шест фосили од овој вид. кој живеел на Земјата пред 100 милиони години. Во просек тие животни биле долги 37, а до рамењата високи шест метри. 

 

 

 

11.08.2017 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега