Татко од пеколот: Го извадил бебето од прозорот на автомобилот, со едната рака го држел а со другата возел (ВИДЕО)

Роман Афанасјев (31) од еден сибирски град својата шест месечна ќерка ја довел во голема опасност, само за да ја снима и објави на ЈуТјуб.

Додека возел БМВ, го отворил прозорецот и го извадил детето надвор држејќи го со една рака од надворешната страна на автомобилот додека со другата возел.

Пред полицијата се правдал дека не го загрозил животот на бебето, бидејќи сакал да биде како него, да не се плаши од ништо. Поради овој чин тој се соочува сега со минимална казна од три години затвор.

Ова не е прв пат Роман, кој е познат како Роман Р. да злоставува дете. Минатата зима позираше на кров од зграда држејќи ја својата постара ќерка наопаку во воздух и тоа само за една нога.

Неговите снимки предизвикале бес на интернет кај луѓето кои го нарекуваат лудак. Тој тврди дека секогаш има се под контрола и ниту еднаш неговите деца не биле доведени во опасност, а ваквото негово однесување го прифаќа и сопругата Кристина.

 

 

 

10.08.2017 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега