Еве зошто големите крузери немаат 13- та палуба

Одмор поминат на крузер секако е искуство за цел живот, а љубопитноста на патниците може да ги натера да забележуваат детали уште по стапнувањето на бродот.

Многу патници веќе на првото влегување во лифтот забележуваат еден недостаток. Меѓу копчињата на лифтот кој ги води на различните палуби, многу често го нема бројот 13. Градежниците на големите прекуокеански патнички бродови за време на градењето обично го прескокнуваат бројот 13, па така од 12 се оди на 14.

Оваа чудна појава придонесе до правење голем број теории на завера. Некои тврдат дека тоа е само стара морнарска традиција, други дека се работи за обично суеверие, односно страв од бројот 13 – трискаидекафобија.

Една теорија тврди дека таа настанала кога на петок 13 октомври 1307 година францускиот грал Филип IV наредил фаќање и мачење на Витезите Темплари. Друга дека бројот 12 се смета за број на „потполност“ (12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, итн), па поради тоа, следниот број – 13 се не се вклопува во нивното верување.

Дури и многу хотели имаат пракса да го менуваат 13. кат и собара со број 13. Пред суеверието и историските легенди, причина за непостоењето на 13 палуба или 13 кат може да биде и од финансиска природа.

Директорот на компанијата „Cruise lines international association“, Енди Хармер вели дека бројот 13 во различни култури се смета за несреќен.

-Како и хотелите ширум светот, кои го немаат 13. кат или соба со број 13, и ние на крузерите ја „прескокнуваме“ 13. палуба, вели Хармер, додавајќи дека меѓу патниците може да има трискаидекафоби.

Големите бродски тури не се евтин вид на туризам па затоа е потребно да се задржи секој патник.

 

 

 

 

10.08.2017 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега