Еве зошто не треба да ги ставате нозете на таблата во автомобилот додека се возите

Иако е многу удобно додека седите во автомобил да ги ставите нозете на автомобил таблата сепак не е паметно да го правите тоа ама баш никогаш.

Аурда Татум од САД пред две години се уверила во тоа.

Седела на предното седиште , додека нејзиниот сопруг возел. Во еден момент одлучила да ја смени положбата и нозете да ги стави на таблата, иако сопругот ја предупредил да не го прави тоа. Сепак таа Аурда мислела дека несреќи им се случуваат само на други луѓе.

Меѓуто додека возеле пред нив се појаил автомобил кој ненадејно им го пресекол патот, а сообраќајка им била неизбежна. Во тој момент од силниот удар се отвориле воздушните перничиња и несреќната жена ја научила лекцијата зошто никогаш не треба да се ставаат нозе на автомобил маската. Воздушните перничиња се отвориле и и ги отфрлиле нозете право во лицето и го скршила носот, но тоа не било се.

Целата десна страна на телото и била скршена, само поради тоа што не обрнала внимание на предупредувањето.

Морала да направи неколку операции и да оди на физикална терапија, но и покрај се сеуште накривнува.

Лекарите и кажале дека сообраќајката ќе поминела по лесно доколку нозете и биле спуштени и можеби не би имала никаква повреда.

-На сите им велам да не го прават тоа , дека не би сакале да поминуваат низ таа болка и агонија како што поминав и јас. Цената е превисока. Мојата несреќа покажа колку може тоа да биде опасно, затоа нозете доле и ставете сигурносен појас додека се возите. Секогаш кога ќе стапнм на нозе се сеќавам на несреќата- рекла таа.

 

 

 

 

 

10.08.2017 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега