Станка Атанасова ќе го замени Црвенковски?

Се разгорува трката за нов претседател на СДСМ по повлекувањето на Црвенковски. Извори на Press24 бирфираат дека во борбата за наследник на Црвенковски влегува и пратеничката Станка Атанасова. Според нашите информации, та ужива голема поддршка кај локалните одбори на СДСМ во Кочани, Штип, Пробиштип, Крива Паланка и Свети Николе и се очекуваа да биде предложена токму од некој од овие партиски ограноци бидејќи таму, нејзиниот сопруг има големо влијание
Како што наближува Конгресот на СДСМ, кој е закажан за 2 јуни, така расте бројот на заинтересирани социјалдемократи за најважната фотеља на Бихаќка. Press24 веќе објави дека во трката влегува и пратеничката Тања Томиќ, а се споменува и името на градоначлникот на Куманово, Зоран Дамјановски. 
Покрај нив, веќе и офицјално, претседтелска кандидатура најавија Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски, а не се исклучува можноста во трката да влезат и Кире Наумов и Стево Пендаровски

ФОТО: Вест

најчитано сега