Грција ја легализираше марихуаната за медицински цели

Грција ќе биде шестата земја во ЕУ која ја легализира употребата на Марихуана за медицински цели.

Премиерот Ципрас најави дека многу скоро лекарите ќе може да го препишуваат лекот од марихуана за неколку болести.

По Чешка, Холандија, Финска, Португалија и Шпанија и Грција ќе се запише во редот на земји кои легално ја користата марихуаната во медицински цели.

Новиот закон, анализираат западните медиуми, може да ја вивне грчката економија со легализација на пазарот, посочувајки дека Делојт и предвиде добивка од 23 милијарди годишно на економијата во Канада со легализацијата на Марихуана.

Употребата на марихуаната за медицински цели веќе е легализирана со закон во Македонија, но и покрај барањата засега Португалија останува единствената земја на стариот континент која дозволува употреба и за рекреативни цели.

 

 

 

29.07.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега