Регулаторна ја донесе одлуката: Лоши вести за возачите

Регулаторната Комисија за енергетика денеска ја донесе одлуката за цените на горивата во Македонија. По две недели од последната одлука, РКЕ одлучи бензинот „еуросупер БС-95“ од полноќ да поскапи за 0,50 денари по литар, а цените на „еуросупоер БС-98“ и на дизел гориватада останат исти.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 61 денар. „еуросупер БС-98“ и натаму ќе се продава за 62,50, „еуродизел (Д-Е V)“ за 47 денари, додека „екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)“ за 35,50 денари за литар.

За 0,506 денари поевтинува мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 23,681 денари.

 

 

 

24.07.2017 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега