Нова цена на горивата во Македонија

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика донесена пред две недели, цената на бензините остануа иста, а дизел горивата поскапеа за половина денар по литар.

Со одлуката се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03, односно 0,59 отсто. Малопродажна цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 35,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 останаа исти, односно 60,5 и 62,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,048 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 24,187 денари за килограм.

Како причина за промената на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,71 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,13 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. 

Останува да видиме каква одлука ќе донесе РКЕ во понеделник и дали ќе возиме поскап или поевтин бензин.

 

 

 

23.07.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа