По силниот земјотрес од 6,7 - повторно два силни потреси во Грција

 

По силниот земјотрес во петокот, при што загинаа две лица, грчкиот остров Кос синоќа во рок од неколку минути, беше погоден од два умерени земјотреси.

- Првиот земјотрес беше со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала во 20 часот и девет минути по локално време, а 16 минути подоцна уследи земјотрес од 4,6 степени, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на првиот земјотрес беше на околу 20 километри североисточно од островот, на длабочина од 10 километри.

Стотици жители и туристи ноќта ја поминаа во парковите или во своите автомобили. 

 

 

 

23.07.2017 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега