Единствена плажа на светот во која жените и мажите мораат да се капат одвоено

Плажата Ел Педоцин во Трст, стара 114 години е своевидна институција која претставува последна плажа во Европа во која мажите и жените се капат одвоено, но се чини на обострано задоволство.

Туристите велат дека токму ѕидот на плажата ги прави послободни.

Плажата е отворена цела година, а преку лето привлекува 3.000 посетители. Се наоѓа во близина на центарот на градот, а влез за на плажата чини 1 евро.

Нејзиното име го добила според истоимените школки кои некогаш тука се собирале.

Поделбата на плажата на женска и машка е само еднаш годишно кога се одржува летна забава, исполнета со пиење и танцување.

 

 

 

17.07.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега