Пожар во воен магацин во Турција

Голем пожар избувнал во воената зона во провинцијата Килис, која се наоѓа во јужниот дел на Турција, пренесоа турските медиуми.

Според медиумите, огнот зафатил магацини каде се чува муниција и затоа се слушаат помали експлозии.

Пожарот избувнал изминатата ноќ, а додека пожарникарите го гаснеле пожарот, во таа област сообраќајот бил во прекин.

Засега нема информации за причинетата материјална штета и за евентуални човечки жртви. Турската полиција истражува што го предизвикало пожарот.

 

 

 

 

13.07.2017 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега