Дачиќ: Како Скопје ќе се однесува спрема Србија, така и ние кон нив

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави по повод реакцијата на Македонија по неговата оценка за признавањето на името на државата, дека официјален Белград ќе се однесува на ист начин како што Скопје ќе се однесува спрема Србија, објавија Вечерње новости.

– Повеќепати на македонските официјални лица им порачав – како вашата држава ќе се однесува во меѓународната политичка арена и организации кон Србија, така ќе се оденесуваме и ние спрема вас, изјави Дачиќ за тој весник.

Српскиот шеф на дипломатијата додава дека „не сака да ја шири понатаму приказната на таа тема“. 

 

 

 

13.07.2017 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега