Незапаметена трагедија: Дедо сакал да го спаси внукот, но сето тоа завршило кобно

Во селото Салаш, Србија околу 16 часот во реката Дрина се удавиле С.С стар 63 години и неговиот четиринаесетгодишен внук М.С, јавува РТС.
 
РТС објави дека детето со помалиот брат се бањало во реката, кога допливале во таканаречена „жива вода“ и почнале да се дават.
 
Тогаш пристигнал нивниот дедо, со кој биле на плажа. Тој некако успеал да го спаси помладиот внук, но кога се вратил по постариот, водата ги однела и двајцата.
 
Телото на момчето веднаш било пронајдено и било пратено на обдукција, додека телото на дедото е пронајдено три часа подоцна.
 

 

 

12.07.2017 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега