Досега необјавена снимка од клубот на Закинтос- моментот кога започна кобната тепачка (ВИДЕО)

Грчките медиуми објавија денес уште една снимка од клубот на Закинтос во која изби кобната тепачка во која настрада Американецот Бакари Хендерсон.

На видеото се гледа моментот кога дошло до инцидентот, што се гледа во групниот дел на клубот, кај шанкот.

Веднаш после инцидентот се уапсени седум лица, од кои шестмина Срби, а вчера уште двајца.

Меѓутоа, семејствата на уапсените момчиња тврдат дека тамошните власти не уапсиле двајца одговорни за убиството на Бакари Хендерсон (22) и дека поради тоа сакаат да ги жртвуваат нивните деца.

Го видов синот во притвор, се колне дека ништо не згрешил. Сите деца се уплашени и не сакаат да одговараат за нешто за што не се виновни.

Не можат да ги најдат двајцата напаѓачи кои се директно одговорни за убиството на Американецот, па сега се обидуваат да им стават на грб на нашите деца, кои и не учествувале во тепачката, некои од нив се обидувале да го одбранат нападнатиот Американец.

 

 

 

Со овие зборови го почнува разговорот Ранко Илиќ, таткото на Милош Илиќ (18) еден од српските момчиња уапсени на островот Закинтос во Грција.

 

 

 

12.07.2017 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега