Ребалансот на Буџетот на владина седница

Владата на Република Македонија денеска на седница треба да го разгледа ребалансот на Буџетот за 2017 година.

Премиерот Зоран Заев рече дека очекува ребалансот да биде донесен во Собранието пред 2 август. 

Според него, со ребалансот Владата ќе се обиде да реалоцира денар повеќе од непродуктивните трошења за поддршка на стопанството, плаќање на заостанатите обврски и подобрување на други, нови аспекти како што се капиталните проекти, бизнисот, новите работни места за младите,...

- Сакаме ребалансот да биде поставен на реални претпоставки, на точна проекција на приходите. Нашата интенција е да нема никакви кочења со оглед дека еден од проблемите досега беше тоа што Буџетот нереално се проектирал, информира министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој очекува прагматичен буџет, со истовремена можност за реформските приоритети.

Буџетот за 2017 година изгласан од претходната власт, како што посочи Тевдовски, има потреба од финансирање преку задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар.

 

 

 

07.07.2017 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега