Дополнителни два денари субвенции за производителите на лубеници

Дополнителни два денара субвенции за килограм лубеници продадени од 3 до 15 јули годинава на регистрирани откупувачи по цена не повисока од четири денари, ќе добијат производителите.

Вака одлучи Владата на вчерашната седница. Целта е, како што соопшти, да им се помогне на земјоделците поради ниската откупна цена со која се соочуваат.

При пресметката на директните плаќања, објаснува владината прес-служба, се земаат предвид количините што не надминуваат 50.000 килограми по хектар. 

 

 

 

05.07.2017 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега