Топлотен бран во Македонија - од утре влегуваме во жолта алертна фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за утре, вторник се очекува целата територија на државата да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.
 
 Ги потсетуваме граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението, во однос на заштита од директна сончева изложеност, како што се:
 
- избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот,
- носење лесна и светла облека
- консумација на лесна храна и течности, 
- хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и
- редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
 
Комисијата за климатски промени при Министерстбото за здравство континуирано ја следи состојбата со топлото време за што јавноста навремено ќе биде информирана. 

најчитано сега