Општина Карпош: Во СДСМ владее хаос - не се знае „кој пие, а кој плаќа“

-Очигледно Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се наоѓа во тотален хаос. Генералниот секретар Андреј Петров во свое интервју на телевизија на 22 април изјави дека ќе бидат опозиција во општина Карпош, а веќе вчера од официјалното соопштение на СДСМ, самите се изјаснија дека тие во Карпош ќе бидат „конструктивна опозиција“. Под притисок на своето членство, очигледно сега се премислуваат и даваат контрадикторни изјави. Доколку носителот на листа, Иван Спировски, не знае кој и какви преговори водел во неговата партија, може слободно да го праша претседателот на Општинската организација на СДСМ, Анте Поповски, се вели во реакцијата на Општина Карпош на прес-конференцијата на Иван Спировски.

Инаку, стои во соопштението, во петокот, на 19 април, беше побарана првата средба со ОО на СДСМ на Карпош, за договор за натамошна соработка во општинскиот совет, која според нивно барање беше одложена и наместо таа вечер, требаше да се одржи во недела, 21 април, во 20 часот. Сепак, не дојде ниту до втора средба, во терминот што сами го посочија. Повторно, со барање до ОО на СДСМ беше договорено тие во наредните денови сами да закажат термин за средба на која би се договориле идните чекори и функционирањето на Советот и на телата.

-По десетдневни неуспешни обиди, за да се овозможи нормално функционирање на Советот на Општина Карпош, се пристапи кон преговори со втората советничка група од ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на Општина Карпош/

Од ваквите изјави, како што се наведува, станува евидентно дека во СДСМ партиските раководители  не соработуваат или таму не се знае „кој пие, а кој плаќа“. Со тоа само се потврдува дека оваа партија е дефинитивно одвоена и од членството и од симпатизерите и од граѓаните. 

најчитано сега