Наместо да платат му ги земале парите - млади кумановчани нападнале и ограбиле таксист

Тројца млади кумановчани се осомничени за разбојништво, информираат од МВР. Според информациите на полицијата, кумановчаните, на 20. април годинава нападнале и ограбиле таксист,

Кумановчаните, на 20. април, на постојката кај хотелот „Кристал“, влегле во такси возило „Голф“ управувано од кумановчанецот А.И. и од него побарале да ги превезе до селото Лојане. Кога пристигнале, разбојниците го повредиле таксистот со електрошок направа и од неговиот џеб си земале 1.750 денари, информираат од МВР.

Кумановчаните си заработија кривични пријави и 30 дневен притвор,

 

најчитано сега