AЛАРМАНТНО: Врие од поскоци во прилепско – љубителите на природата да бидат внимателни (ФОТО)

Минатата недела Канал 5 Телевизија објави сторија за наезда од змии во прилепскиот дел на Пелагонија, мариовско и крушевско, но најотровната змија кај нас поскокот се појави и во реонот на селата Дрен-Смолани.

Прилепчанец кој постојано престојува во природата на овој регион, на својот профил на фејсбук објави неколку фотографии и напиша алармантно предупредување за сите љубители на природата, кои овој период собираат печурки и други плодови.

 Инаку поскокот важи за најопасна змија во Македонија и цела Европа поради големината, долгите заби (до 13 мм) и јачината на отровот. Постојат пет подвида.
 
Јасна особеност на поскокот е рокчето (острица) на муцката, веднаш над клунената лушпа.
 
Поскокот е најотровната змија и во Европа.

 

Отровот може да биде прилично токсичен [според на испитувања врз глувци], но се разликува од временскиот период и кај разни населенија. Има протеолитични и невротоксични делови и содржи хемотоксини што ја засируваат крвта, со исти последици и сила како отровот на ѕвечарките. Други својства се противзасирувачки ефект, хемоконцентрација и крварење. Каснувањето предизвикува болка, отекување и промена на бојата, кои можат да се јават веднаш. Може да се јават вртоглавица и отрпнатост.

Луѓето, глувците и птиците веднаш реагираат на каснувањето, додека пак гуштерите се помалку засегнати, а водоземците дури можат и да преживеат. Еропските змии како планинскиот смок и барските змии може да се имуни.

Отровот на поскокот се користи за добивање на противотров од каснувања на други европски змии и за оваа намена постојат посебни одгледувалишта.

Извор: Маркукуле.мк

 

 

 

 

17.06.2017 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега