Нови вработувања: Почнува со работа фабриката на „Адиент“ во ТИРЗ Струмица

Во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица денеска ќе биде отворена фабриката на американската компанија „Адиент“ (поранешен Џонсон Контролс). 

Во фабриката, којашто е прв капацитет во ТИРЗ Струмица, ќе се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува 20 милиони евра, а според првичните најави, предвидени се 1.500 вработувања.

Во новиот капацитет, изграден на површина од 13.000 метри квадратни, треба да бидат префрлени 750-те работници што ги ангажираше „Адинет“ во браунфилд погонот во Струмица, а до крајот на годината уште 400 нови вработувања.

Изградбата на капацитетот почна пред една година, а инсталацијата на опремата и машините кон крајот на април.

На отворањето на фабриката е најавено обраќање на потпретседателот за операции на „Адиент“ Владимир Теплик, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, како и претставници на Владата.

 

 

 

15.06.2017 - 08:21
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега