Прерано нѐ напушти - фудбалерот загина на терен

Играч на ФК Кумане, 23- годишниот Огнен Контриќ загинал на терен за време на натпреварот кој неговиот клуб го играл во склоп на меѓуопштинската лига. Трагедија каква не се памети во овој крај се случила вчера попладне, за време на второто полувреме на теренот во Кумане.

Огнен во првото полувреме се пожалил на мачнина, но продолжил да трча на теренот и во еден момент паднал како покосен.

Претседателот на ФК Кумане вели дека сѐ билоподготвено за прослава на јубилејот 90- години од соновањето на клубот, а на прославата Огнен требало да игра против освојувачите на дупла круна, белградскиот Партизан.

Наместо сите заедно да се радуваат за натпреварот, соиграчите одат на погреб.

 

 

 

29.05.2017 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега