Ѝ праќал фотографии од неговиот полов орган - педофил малтретирал девојче на Фејсбук

Педофил му пишувал на 11 годишно девојче на Фејсбук да се видат, за да се бакнуваат и гушкаат

Кога детето ми пријде и ми рече дека на Фејсбук и пишува непознат човек, помислив дека тој некој случајно и пишал порака. Но, брзо сфатив какви се неговите намери.

Ова го раскажал таткото на 11 годишно девојче од Србија за српски Блиц. 

На ќерка му тој ѝ направил профил на социјалната мрежа за полесно да комуницира со неа бидејќи често бил отсутен. 

- Детето го предупредив да не прифаќа за пријатели луѓе кои не ги познава и задолжително да ми каже ако и се јави некој непознат. Пред неколку дена дојде кај мене и ми кажа дека некој чичко ѝ пишува, раскажува таткото на девојчето. 

- Прво помислив дека погрешил зашто и напишал „што правиш", а таа му одговорила „ништо". Но потоа тој и пишал уште пет-шест други пораки, на кои никој не одговарал, меѓу кои пишал и „млада си". Потоа ѝ пишал „би можеле да се видиме". Веднаш сфатив со кого имам работа, па за да го намамам му реков „може, кога и каде?", раскажува таткото. 

- Педофилот пиша дека сака да се дружиме, да се бакнуваме и мазиме. Тој после пораката во која дозна дека детето е родено 2006 година уште повеќе продолжи да пишува, чија содржина не можам да ја кажам, раскажува таткото на детето и додава дека педофилот на профилот на неговото дете, праќал слики од неговиот полов орган. 

Таткото раскажува дека педофилот подцна бил уапсен.

 

 

 

29.05.2017 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега