Бабата и чичкото не го добиваат телото на 3- годишниот Денис - потребен е потпис од мајката чедоморка

Телото на 3- годишниот Денис Пашиќ, за чие убиство се осомничени неговата 32- годишна мајка и 14 -годишно девојче, и понатаму се наоѓа на Одделението за патологија во Пула. Неговиот чичко Рамиз, кој минатата недела допатувал во Пула за да го преземе телото и да организира погреб, не може да го направи тоа поради бирократија.

Имено, погребната агенција која ја ангажирале чичкото и бабата Рита, бараат документ со кој се одобрува транспорт на посмртните останки.

Тој документ го издава санитарната инспекција на барање на семејството, но таа служба во Пула ги одбила, бидејќи не го приложиле потписот на мајката или таткото на убиеното дете. Чичкото и бабата се во апсурдна ситуација.

Да се потсетиме, телото на мртвото дете беше пронајдено минатата среда на крајбрежјето. До телото на мртвото дете полицајците ги одвела мајката, која во вторникот своето дете го пријавила за исчезнато.

Полицајците набрзо ги утврдиле околностите за смртта, па поднеле кривична пријава за тешко убиство против неговата мајка и малолетничката која ѝ помогнала во убиството.

 

 

 

29.05.2017 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега