Потресен статус на застреланата Кристина на бензиска! – „Силна си, издржи!“

Полицијата сеуште трага за монструмот кој на бензиската пумпа покрај автопатот Белград-Ниш, кај „Ласте“, во глава ја застрела 19 годишната Кристина Каплановиќ. Лекарите сеуште се борат за животот на Кристина, а нејзината сестра Марина излезе со потресен статус на својот Фејсбук профил со кои и пружи поддршка.

„Моето се на светот! Силна си, издржи! Со тебе сум, сестричке моја! Те сакам“, порача Марина Каплановиќ, сестрата на Кристина.

нејзиното семејство од селото Вилово кај Нова Вароши, не беше расположено за давање изјава.

„Немојте ништо да не прашувате, ни самите не знаеме што не снајде“, беше единственото нешто што можеа да го изустат.

Да потсетиме, Кристина Каплановиќ се пресели во Белград пред неколку месеци од Нови Варош. Во главниот град почна да студира. Во нејзиното родно место, сите се во шок.

„Таа е прекрасна и вредна девојка. Минатото лето се пресели во Белград. Се запиша на економско школо, но не влезе во квотата за буџет, па веднаш поочна да работи за да може да се школува. И додека се борела да заработи за некој динар, доаѓаат некои злосторници и ја застрелуваат! Страшно, само да преживее“, велат мештаните о Вилова, каде живее семејството на Кристина.

 

 

 

29.05.2017 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега