Сите го знаеме Вучиќ – Но, ова е неговата талентирана ќерка

Премиерот и идниот претседател на Србија Александар Вучиќ на својот Твитер профил објави фотка со ќерката Милица.

На фотката Милица е облечена во традиционалната руска носија, а повод за фотката беше свеченото прогласување на победникот на Олимијадата на знаење по турски јазик, физика, хемија и математика во Руското школо, каде учествувала Милица.

„Татино сонце“, гласеше коментарот под фотката која ја објави Александар Вучиќ. Избраниот претседател на Србија на Олимијадата на знаење присуствуваше со своите родители.

На Олимпијадата на знаење наградени се и ученици од основни и средни школи и студенти од факултетот ширум Србија, додека на Олимпијадата по руски јазик учествуваа и натпреварувачи од Република Српска, Бугарија и Црна Гора.

Олимпијадата на знаење низ програмата „Енергија на знаење“, чии победници потоа ја претставуваа Србија на меѓународните натпреварувања ширум светот, ја поддржа компанијата НИС петта година по ред.

Да потсетиме, Вучиќ денеска најави дека сите во јавниот сектор ќе имаат поголеми плати од кога било претходно.

 

 

 

29.05.2017 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега