Убиеното тригодишно детенце од Хрватска нема кој да го погреба

Трагедијата која ја потресе Хрватска, кога тригодишно детенце беше убиено од родителите, сега добива уште поголеми размери. Малото момченце со име Денис кое мајката го фрли во море, нема кој да го погреба, бидејќи родителите му се во затвор.

Таткото е задржан во притвор во Босна, мајката во пула, па се поставува прашањето кој ќе го испрати во вечниот дом малото момче. Најверојатно тетката од страната на таткото која живее во Босна ќе ги превземе сите неопходни процедури околу погребот.

За потсетување, детето беше убиено минатата недела од страна на мајката, која потоа го фрли во река.

 

 

 

 

 

 

29.05.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега